Вести Свет Топ вести

Отворен патот на Финска за влез во НАТО – Турција даде зелено светло

Како последна членка на НАТО, Турција во синоќа се изјасни за прием на Финска во Алијансата , големо мнозинство во турскиот парламент гласаше „за“. Остануваат уште само неколку формалности и Финска ќе стане 31 членка на НАТО. 28 од вкупно 30 сегашни членки одлуката ја донесоа уште одамна, Унгарија тоа го направи претпоследна, во понеделникот.

„Финска е сега спремна да се приклучи на НАТО“, напиша финскиот претседател Саули Нинисто на Твитер веднаш по изјаснувањето на турскиот парламент. Тој се заблагодари на сите 30 членки за довербата и поддршката, ветувајќи дека неговата земја ќе биде силен и способен партнер. И финската премиерка Сана Марин преку Твитер упати колективна благодарност до сите земји кои се во составот на НАТО. Финскиот претседател и премиерката ја истакнаа својата натамошна поддршка за соседот Шведска во напорите да му се придружи на сојузот.

За Финците, согласноста од Анкара доаѓа во посебен момент, со оглед што в недела во земјата се одржуваат парламентарни избори. Но, дури и во случај на промена на владата во Хелсинки, во приемот на Финска во НАТО ништо нема да се смени, со оглед на широкиот консензус кој владее во земјата за таа тема.

Една од клучните причини за единственоста е околу 1340 километри долгата граница со Русија. Под впечатокот на руската агресорска војна во Украина,  Финска во мај ланската година, заедно со Шведска, се одважи на поднесување барање да се припои кон НАТО- по децении неутралност.

За разлика од Финска, Шведска останува на половина пат со нератификувањето на договорот од страна на Унгарија и на Турција. Турција ја обвинува Шведска за недоволни напори во сузбивањето на „терористички организации“ и ја критикува за оглушување на барањата за екстрадиција на лица кои Анкара ги смета за терористи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Она што Израел го демонстрира не се однесува на останатите земји во регионот, туку се фокусирани на Иран

Дејан Дејан

Арсовски: Русија во моментот не може самата себе да си помогне, а не да му помогне на Иран

Дејан Дејан

Петровска: Со ударите во Иран, САД испратија пораки и кон сојузниците и кон ривалите и поддржувачите на Техеран, нападите можеа да се насетат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе