Вести Свет Топ вести

Тепачка меѓу дипломати во амбасадата на БиХ во Јордан – пресметката завршила со џиуџицу зафат

Физичка пресметка меѓу двајца високорангирани дипломати во амбасадата на БиХ во Јордан. Инцидентот го потврди и амбасадорот Мато Зеко.

Додека еден од учесниците во инцидентот тврди дека колегата сакал да го убие, другиот вели дека се бранел од навредите со употреба на џиуџицу зафат за која, нагласува, дека бил крајно контролиран.

Амбасадорот Зеко на 16 март оваа година го известил Кабинетот на министерот за надворешни работи, Елмедин Конаковиќ дека пет дена претходно во неговата канцеларија во Амана дошло, најпрво, до вербална, а потоа и физичка пресметка на високорангираните дипломати – министерот советник Сатко Битанга и советникот Ненад Шкипина, пренесува РТС, повикувајќи се пишувања на порталот Инфорадар.

Судирот избил кога Битанга дознал дека амбасадорот итно го праќа Шкипина во Сараево поради поправка на информатичка опрема чиј дефект не можел да биде поправен во Аман, тврди Зеко.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО)Пораки од „Кој е следен?“ – Наведнатата глава не ни помага – сабјата упорно нè сече

Дејан Дејан

Израел го прифати предлогот на Трамп за примирје со Иран

Дејан Дејан

Претседателката Сиљановска-Давкова на НАТО самитот во Хаг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе