Вести Најважни Свет

(фото + видео) Поранешната ученичка која во училиштето уби шест луѓе детално го испланирала нападот

28- годишната Одри Хејл е напаѓачката која вчера влезе во приватно христијанско училиште во главниот град на американската сојузна држава Тенеси, Нешвил и уби шест лица, од кои три деца на возраст од 9 години, била поранешна ученичка во училиштето и според полицијата претходно детално го испланирала нападот. Имала нацртано мапа од училиштето со влезни точки и извесно време ја набљудувала заградата.

Според извештаите најмалку две од оружјата што ги користела биле набавени легално.

Таа влегла во училишната зграда пукајќи во една од вратите на објектот. Според локалната полицијата осомничената немала претходно криминално досие.

 

Полицијата објави фотограграфии од безбедносните камери во училишната заграда на кои се гледа како 28-годишната Хејл се движи низ ходниците со пушка во рацете – облечена во војнички панталони со маскирна апликација, војнички елек, црвена бејзбол капа.

 

 

Полицијата ги идентификуваше жртвите од нападот во училиштето како Евелин Дикхаус, Хали Скругс и Вилијам Кини – деца сите на деветгодишна возраст. Трите возрасни жртви во нападот се идентификувани како Синтија Пик, заменик-наставничка, на возраст од 61 година; Кетрин Кунсе (60) и Мајк Хил (61).

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп не се согласува со американските разузнавачи

Дејан Дејан

Доживотен затвор за Палевски, Манев, Видевски и Кешишев, ослободен Ѓорчевски

Дејан Дејан

СДСМ: Министерството за правда ја саботира реформската агенда!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе