Вести Свет

„Давид“ на Микеланџело е порнографија – сметаат родители во американско училиште – Италија ги кани да го посетат во Фиренца

Музејот во Фиренца, во кој се наоѓа ренесансното ремек-дело на Микеланџело, Давид, ги покани родителите и учениците од едно училиште во Флорида да го посетат, откако по жалбите на родителите дека скулптурата е порнографска, директорот беше принуден да поднесе оставка.

Градоначалникот на Фиренца, Дарио Нардела, ја покани сега веќе поранешната директорка да ги посети, за лично да ја почести. Мешањето на уметноста со порнографијата е „смешно“, рече Нардела.

Реакцијата на Италија покажа како често се перципираат американските културни војни во Европа, каде и покрај порастот на десничарските чувства и владеење, ренесансата и нејзините ремек-дела, дури и голите, генерално се без контроверзии, пишува американски „Политико“.

Училишниот одбор на Талахаси изврши притисок врз директорката Хоуп Карасила да поднесе оставка минатата недела, откако илустрацијата на Давид беше прикажана на час по уметност во шесто одделение.

Еден родител веднаш се пожалил дека тоа е „порнографија“, додека неколку други побараа информации за содржината на предавањата бидејќи училиштето има политика која бара родителите да бидат однапред известени за „контроверзните“ теми што се предаваат.

Сесили Холберг, директорка на Galleria del Accademia, каде што е изложен Давид, изрази изненадување од контроверзноста.

Да се ​​каже дека Давид е порнографија значи да не ја разбираме содржината на Библијата, да не ја разбираме западната култура и да не ја разбираме ренесансната уметност“, рече таа и ги повика директорот, училишниот одбор, родителите и учениците да ја видат „чистотата“ на статуата

Талахаси Класик е училиште кое работи независно од локалната училишна област и служи како алтернатива на наставната програма за јавното училиште. Основното училиште ја следи наставната програма дизајнирана од колеџот Хилсдејл, конзервативно христијанско училиште во Мичиген, кое често го консултира гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис за образовни прашања.

„Родителите имаат право да знаат секогаш кога нивното дете е изложено на контроверзна тема или слика“, изјави претседателот на училишниот одбор Барни Бишоп за списанието Slate.

Марла Стоун, раководител на хуманистичките студии на Американската академија во Рим, рече дека инцидентот на Флорида е уште една епизода во ескалацијата на културните војни во Америка и се прашува како една статуа може да се смета за толку контроверзна што бара предупредување.

„Она што го имаме е морална крстоносна војна против телото, сексуалноста и родовото изразување и непознавање на историјата“, рече Стоун. „Ова е за страв, страв од убавина, различност и можност вградени во уметноста“.

Микеланџело Буонароти го извајал Давид околу 1504 година, откако бил нарачан од катедралата во Фиренца. Статуата е изложба на Академијата и секоја година привлекува 1,7 милиони посетители во музејот. Популарен е кај американските туристи кои сакаат да прават селфи покрај него.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски најавува жестока борба за извештајот во ЕП

Дејан Дејан

Вајц: Извештајот за Македонија е објективен

Дејан Дејан

Температури и над 40 степени, УВ индекс деветка – Македонија под топлотен бран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе