Вонредна состојба во американската сојузна држава Мисисипи по разорното торнадо во кое загинаа 25 луѓе, а десетици се повредени. Се стравува дека билансот на повредени или загинати би можел да биде поголем, со оглед дека многу луѓе се заробени под урнатините.
Најтешко погоден е Ролинг Форк, мало гратче на западот на Мисисипи, чии жители велат дека торнадото направило многу штети. Оштетени се згради, а во прекин беше и снабдувањето со електрична енергија во невремето проследено со ветришта со брзина поголема од 110 километри на час и град со големина на тениско топче.
Надлежните предупредуваат дека силното невреме, би можело да погоди уште држави на југот. Националната метеоролошка служба издаде предупредување до локалното население да пронајде засолниште, велејќи дека тоа ситуацијата е опасна по живот и дека предметите кои ги носи ветрот може да бидат фатални за оние кои не се засолнуваат.