Вести Свет

Голем шумски пожар во Шпанија – за четири дена изгореа 4.000 хектари, евакуирани 1.500 луѓе

Првиот голем шумски пожар годинава во Шпанија, кој веќе изгоре 4.000 хектари, гори веќе четири дена, а локалните власти стравуваат дека ситуацијата ќе се влоши поради неповолните временски услови.

Пожарот почна кон средината на март, а сегашните температури, слични на летните, и постојаната суша во земјата, ја влошува ситуацијата. Напорите за гаснење на пожарот се во тек, вклучително и со извидувачки летови со беспилотни летала за да се идентификува периметарот од 40 километри.

Ветровите им отежнуваат на пожарникарите да го стават пожарот под контрола. Во провинциите Кастелјон и Теруел, во источна Шпанија, пожарот принуди евакуација на 1.500 луѓе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Чебрен“ и „Вардарска долина“ се приоритети на министерството за енергетика

Дејан Дејан

Од Кочани, судењето за трагедијата во Пулс е префрлено во Кривичниот суд во Скопје – Тошковски тврди МВР презеде се што можеше

Дејан Дејан

Славески до банките – Или намалете ги провизиите или ние ќе ви ги намалиме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе