Вести Магазин Топ вести

Палтроу се изјасни за невина за скијачката несреќа во 2016 година: Со скиите ми влезе меѓу нозе и со телото ме притисна одзади

Американската актерка и оскаровка, Гвинет Палтроу се изјасни оти не е виновна за скијачката незгода во Јута во 2016 година, во која маж доби скршеници на неколку ребра и потрес на мозок.

Педесетгодишната Палтроу на сослушувањето рече дека скијала со нејзините две деца, кога во неа удрил 76-годишниот офталмолог Тери Сандерсон кој е тужител во процесот.

„Додека скијав, две скии ми дојдоа меѓу моите и ми ги раздвои нозете. Потоа се прилепи и тело до моето, ме притисна и слушнав многу чуден звук на стенкање. Се обидував да разберам што се случува. Помислив „Дали сум јас?“, „Дали е ова некоја шега? – Како некој да прави нешто изопачено. Тоа навистина беше многу чудно. Умот ми работеше многу брзо и се обидував да утврдам што се случува“, рече Палтроу.

Сандерсон, пак, рече дека од ударот претрпел „трајна трауматска повреда на мозокот“. Тој бара отштета од 300.000 долари, иако првобитно бараше 3,1 милиони долари.

Тужба покрена и Палтроу во која бара симболична отштета од еден долар и другата страна да ги плати судските трошоци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 2.7.2025

Дејан Дејан

Кај некои воодушевување, кај некои мала паника – т.н. „рол облак“ на плажите во Португалија

Дејан Дејан

Републиканците пред усвојување на законот за даноци, демократите со сите сили се обидуваат да го спречат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе