Вести Свет

Зеленски ги посети војниците на фронтот кај Бахмут

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги посети украинските сили во близина на фронтот кај Бахмут и им додели медали на војниците кои, како што рече, храбро го бранат суверенитетот на својата земја.

Украинските сили во Бахмут се спротивставуваат на руските напади веќе осум месеци, и покрај големите жртви во една од најкрвавите битки од почетокот на руската инвазија од пред 13 месеци.

Зеленски денеска им додели медали на исцрпените војници во борбена опрема, а самиот носел темна маица и воени маскирни панталони.

Чест е да се биде овде денеска и да им се доделат ордени на нашите херои. Да им ја стегнам раката и да им се заблагодарам што го бранат суверенитетот на нашата земја. Вашата судбина е тешка, но херојска. Да ја одбраниме нашата земја и за нашите деца на Украина да ѝ вратиме сè, напиша Зеленски на Телеграм, додавајќи дека „се поклонува пред сите херои, нивните блиски соборци кои ги загубија животите на истокот и воопшто во оваа војна“.

Тој рече дека „Тврдината Бахмут“ е симбол на пркосот, поради што крвави руската армија. Ова е алузија на битката за Бахмут во Првата светска војна, која се водеше во ровови, под постојан артилериски и ракетен оган, на бојно поле преполно со мини, а командантите од двете страни ја опишаа како „мелница за месо“.

Зеленски веќе неколку пати ги посетил војниците на бојното поле.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Путин нема да присуствува на БРИКС, му се заканува апсење

Дејан Дејан

За 24 проценти е зголемен бројот на починати од насилна смрт

Дејан Дејан

Денеска и утре пеколни температури, викендот освежување за пет до седум степени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе