Вести Свет

Никогаш не ги лажев пратениците за забавите во владата за време на карантинот, тврди Борис Џонсон

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон денеска под заклетва изјави дека никогаш не ги лажел пратениците за владините забави за време на карантинот, воведен поради пандемијата на Ковид-19.

Тој денеска сведочеше пред Комитетот за стандарди на Долниот дом поради „лажни изјави“ што ги давал во парламентот за собирите во владините згради.

Рака на срце, не го излажав Парламентот, рече Џонсон пред комисијата откако положи заклетва за Библијата.

Ако комисијата утврди дека тој намерно лажел, тој може да биде суспендиран или дури и да го изгуби своето место во Парламентот.

Ако некој мисли дека се забавував за време на карантинот, тие апсолутно грешат, рече Џонсон за време на повеќечасовното сослушување.

Џонсон, исто така, го критикуваше Комитетот, кој вклучува четворица членови од редовите на конзервативците и тројца од опозициските партии, велејќи дека тие дејствуваат како „истражувачи, обвинители, судии и порота“.

После серијата скандали, вклучително и нелегалните забави за време на коронавирусот, Џонсон поднесе оставка на чело на британската Конзервативна партија во јули минатата година.

Остана премиер до изборот на Лиз Трас за негова наследничка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инвестициска активност за економски просперитет – став на претседателот на Стопанската комора, Азески

Дејан Дејан

Дурмиши: Правиме нова потрошувачка кошничка со реални податоци, бројките на синидикатите не се точни

Дејан Дејан

Расте бројот на умрени лица од насилна смрт – двојно повеќе се мажи од жени, најчесто се гинело во несреќи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе