Вести Свет

Макрон: Реформата на пензискиот систем е неопходна за иднината на Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон тврди дека реформите на пензискиот систем, кои неговата влада ги протуркаа низ парламентот, мораат да бидат имплементирани до крајот на годината. Реформите, кои предвидуваат зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, предизвикаа насилни протести низ повеќе градови. Во првото јавно обраќање по усвојувањето на реформата, Макрон рече дека не му прави задоволство што морала да биде воведена, но морал да ја направи за доброто на државата.

Мислите дека не можев да направам како многумина пред мене и го пикнам под тепих? Да. Можеби. Но вистината е, и ако жалам за нешто, тоа е поради тоа што не успеавме да го споделиме товарот, или попрецизно, потребата од воведувањето на оваа реформа. Кога се вработив прв пат, имаше 10 милиони пензионери. Сега имаме 17 милиони. Во 2030-те ќе имаме 20 милиони. Мислите дека можевме да продолжиме со истите закони, дециден беше макрон

Макрон инсистира дека францускиот пензиски систем мора да биде реформиран за да може да продолжи да се самофинансира.

Вообичаено не сакаме да ја слушнеме вистината, но, оваа реформа не е луксуз, не е забавна, туку е неопходна за нашата држава, рече макрон.

Но, реформата на пензискиот систем беше дочекана на нож од синдикатите и јавноста. Ширум Франција избија насилни протести, а синдикатите организираа национални штрајкови барајќи од Макрон да ја повлече. За утре се најавени нови птрајкови на железницата, париското метро и јавниот превоз во сите поголеми градови.

Со месеци ја искажуваме нашата загриженост, со месеци протестираме, секогаш смирено, мирно, но од таму каде што стои, тој не не слуша, стои во неговата мала дневна соба со коктел и вели „ова е проектите кои ги имаме за образование“. Живее на друга планета, мора да ги спушти нозете на земја. Мора да види низ што поминува државата. Ќе го добие одговорот утре на улиците, му порача на францускиот претседател пратеникот од редовите на левичарската коалиција ФИДЕС, Франсоа Руфин.

Но, и покрај жестокото противење на јавноста, Макрон тврди дека е подготвен да ја издржи непопуларноста во име на иднината на Франција.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За 24 проценти е зголемен бројот на починати од насилна смрт

Дејан Дејан

Денеска и утре пеколни температури, викендот освежување за пет до седум степени

Дејан Дејан

Инвестициска активност за економски просперитет – став на претседателот на Стопанската комора, Азески

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе