Вести Свет

Малолетник отвори оган во средношлски кампус во Арлингтон

Еден студент е убиен, а друго лице се здоби со прострелни повреди откако малолетник со огнено оружје влета во училишен кампус во Арлингтон, во областа Далас и почна со неселективна стрелба. Нападот се случи токму на првиот ден од наставата по пролетниот распуст.

Локалните полициски власти соопштија дека спречена е поголема трагедија бидејќи поради брзата полициска реакција напаѓачот не успеал да влезе во објектот каде се криеле голем број ученици. Се дал во бегство но кратко потоа бил уапсен.

Тој сега ќе се соочи со делото „убиство“, властите но не го открија неговиот идентитет бидејќи станува збор за малолетно лице.

Во Тексас, лицата осудени за убиство можат да добијат смртна казна. Обвинителите ја донесуваат конечната одлука за тоа какви обвиненија да покренат во случајот, и тие не се секогаш исти како обвиненијата покренати по апсењето, се вели во медиумските извештаи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиени тројца Палестинци во напад на израелските доселеници врз село на Западниот Брег

Дејан Дејан

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе