Вести Свет Топ вести

ЕИБ ќе обезбеди 500 милиони евра за обнова на Турција по земјотресот

Европската инвестициска банка привремено ја укина речиси четиригодишната забрана за финансирање во Турција за да обезбеди 500 милиони евра за реконструкција на земјата по земјотресот.

ЕИБ практично ги суспендираше сите заеми за Турција по спор за нафта и гас кај Кипар во 2019 година, но сериозноста на минатомесечниот земјотрес во кој загинаа речиси 56.000 луѓе во Турција и соседна Сирија ја поттикнаа да направи исклучок.

Заедно со Европската комисија работиме на заеднички сеопфатен пакет, од кои до 500 милиони евра ќе испорача ЕИБ, најави потпретседателката на банката, Лилијана Павлова.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, говорејќи на Меѓународната донаторска конференција во Брисел, објави дека целиот пакет на Комисијата и ЕИБ за помош на Турција изнесува една милијарда евра. Сите земји од ЕУ, вклучително и Кипар, треба официјално да дадат зелено светло за одобрување на помошта од ЕИБ за Турција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиени тројца Палестинци во напад на израелските доселеници врз село на Западниот Брег

Дејан Дејан

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе