Вести Свет Топ вести

Ескобар: Иако не е потпишан, договорот од Охрид е правно обврзувачки и за Косово и за Србија

Договорот постигнат во Охрид меѓу српскиот Претседател, Александар Вучиќ и косовскиот Премиер, Аљбин Курти, не се однесува за меѓусебно признавање на двете држави, туку за нормализација на односите меѓу нив, за да не може во иднина проблемот како со регистарските таблички да доведе до поставување барикади и да се заканува со дестабилизација на билатералните односи но и на поширокиот регион, изјави заменикот помошник на државниот секретар на САД, Габриел Ескобар во денешниот прес-брифинг организиран од Стејт Департментот.

Тој прецизираше дека постигнатиот договор, Соединетите држави, но и Европската Унија го сметаат за правно обврзувачки за двете страни и будно ќе ја следат неговата имплементација, независно од тоа дали тие потпишале некаков документ, испраќајќи јасна порака до Вучиќ, кој изјавуваше дека тој не потпишал ништо во Охрид, релативизирајќи го исходот со коментарот дека бил постигнат „некаков договор“ и фокусирајќи се пред се на фактот дека треба да се забрза процесот на формирање на ткн заедница на српските општини.

Според него, шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, јасно стави до знаење дека страните се обврзале и дека спроведувањето на договорот ќе влијае на европскиот пат на двете држави.

Ескобар оцени дека за САД исклучително важно е дека договорот бил постигнат во Охрид, подвлекувајќи дека Македонија е пример за функционална мулти-етничка демократија, која го решила и билатералниот спор со Грција, во обид за деблокирање на евро-интегративниот процес, кој како што рече, Соединетите држави силно го поддржуваат, сметајќи дека местото на нашата држава е во Европската Унија.

 

Никола Илиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиени тројца Палестинци во напад на израелските доселеници врз село на Западниот Брег

Дејан Дејан

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе