Вести Свет Топ вести

Се поизвесен втор круг на претседателските избори во Црна Гора

Гласањето во Црна Гора заврши, Првичните реаултати покажуваат дека Мило Ѓукаовиќ е во водство пред Андрија Мандиќ. Се поверојатно е дека силите ќе ги одмеруваат во вториот круг.

Дел од светските медиуми излегоа со анализи за Црна Гора по изборите – Асошиејтед прес пишува дека е неизвесно дали оваа мала земја-членка на НАТО ќе го деблокира патот кон ЕУ или ќе ги подобрува релациите со Србија и со Русија.

Актуелниот шеф на државата Мило Ѓукановиќ ги прикажа претседателските избори како избор помеѓу независна Црна Гора и земја контролирана од Белград и Москва.

Неговиот главен политички опонент, Андрија Мандиќ пак од партијата Народен фронт, кој беше обвинет дека е дел од обидот за државен удар организиран од Русија во 2016тата, се обиде да се претстави како личност која помирува за време на кампањата, велејќи дека негова главна цел како претседател ќе биде да го премости црногорскиот јаз.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Палестинците низ Газа сè уште се борат со сериозен недостиг на храна

Дејан Дејан

ОЈО со обвинение: Жител на Бутел ја давел и со чадор ја тепал сопругата

Дејан Дејан

Силно невреме ја погоди Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе