Вести Свет

(ВИДЕО) Крим слави 9 години „повторно обединување“ со Русија

Со развиорени руски знамиња, концерти и митинзи Крим слави 9 години од неговата анексија од страна на Руската Федерација што властите на полуостровот ја нарекоа „повторно обединување“.

Утрово на врвот на Белата карпа на Крим беше подигнато огромно руско знаме, а прослави по тој повод денеска се одржуваат и во неколку руски градови.

Руската анексија на Крим во 2014 година дојде само неколку дена откако масовните улични протести го принудија про-рускиот претседател на Украина, Виктор Јанукович, да ја напушти земјата.

Анексијата на Крим и последователниот бунт поддржан од Москва во источна Украина го поттикна Западот да воведе економски и финансиски санкции кон Русија.

Тоа се смета и како почеток на денешната руска инвазија во источна Украина во која илјадници луѓе досега ги изгубија животите, а милиони се раселени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе