Вести Свет

Париз затрупан во ѓубре, штрајкуваат и комуналните работници

Париските коминални работнициштрајкуваат тринаесети ден по ред. Утрово француската престолнина се разбуди затрупана во купишта ѓубре.

Работниците во комуналното претпријатие продолжија да ја блокираат најголемата локација за согорување отпад во Европа и две други локации што го третираат отпадот во Париз.

Протестите ги предизвика непопуларната пензиска реформа на францускиот претседател Емануел Макрон за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Синоќа улиците во Париз повторно беа блокирани од демонстранти гневни на одлуката на Макрон за спроведувањето на пензиската реформа. Во синоќешните протести интервенираше и париската полиција и ги растера демонстрантите со димни бомби и солзавец.

Францускиот претседател Макрон смета дека зголемувањето на старосната граница за пензионирање е клучно за одржување на економијата на земјата во услови на економска криза.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе