Вести Свет

Продолжуваат проблемите во банкарскиот сектор, уште една банка во САД мораше да биде спасувана

Единаесет американски банки, меѓу кои гиганти како „Џеј Пи Морган“ и „Ситигруп“, синоќа инвестираа 30 милијарди долари во „Фрст Рипаблик“, последната американска банка која наиде на проблеми со ликвидноста. Американските регулатори го поздравија потегот на банките, кој доаѓа додека и самите тие со ригорозни мерки се обидуваат да спречат ширење на паника и избивање на нова банкарска криза. Единаесетте банки дејствуваа брзо за да спречат масовно повлекување на депозитите од „Фрст Рипаблик“, а со тоа и пропаѓање на банката. Во соопштение регулаторите посочија дека овој потег ја отсликува довербата која банките ја имаат во системот.

„Тоа што го дознавме зиминатава недела е важноста на довербата, кога станува збор за банкарскиот сектор, бидејќи една банка не може да работи кога сите нејзини клиенти во исто време сакаат да ги повлечат своите депозити, без разлика колку и да е голема“, вели Викторија Шолар, директорка за инвестиции во „Интерактивен инвеститор“.

Информацијата дека на уште една американска банка ѝ се заканува колапс ги вознемири финансиските пазари, а во еден момент акциите на „Фрст Рипаблик“ паднаа дури за 70 проценти, пред повторно да пораснат. Експертите забележуваат појава на тренд во движењето на вредноста на акциит, што пак, според нив, посочува дека пазарите сѐ уште не се убедени дека ова нема да прерасне во поголема банкарска криза.

„Ако погледнеме што се случуваше претходно, од СВБ до Кредит Свис, вообичаено гледаме голема распродажба на пазарите, по која следи дена на повторно покачување. Затоа мислам дека во оваа фаза е тешко да се каже што навистина пазарите мислат за оваа ситуација, или дека во оваа криза, најлошото поминало“, изјави Гери Енџи, економист во „Натаксис“.

Експеритите предупредуваат дека една од причините за проблемите во банкарскиот сектор е инсистирањето на народните банки постојано да ги зголемуваат каматните стапки, во обид да ја намалат инфлацијата. Според нив, таквата политика на централните банки ги обезвреднува обврзниците, во кои најголем дел од банките ги чуваат своите средства, поради што им се закануваат тешки загуби. Но, и покрај тоа, вчера Европската централна банка одлучи за ново зголемување на каматната стапка за 0,5 процентни поени.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе