Вести Свет

Британски и германски „тајфуни“ пресретнале руски авиони во близина на Естонија

Два ловци „Тајфун“ на германските и на британските воздухопловни сили пресретнаа руски авион во близина на воздушниот простор на Естонија.

Борбените авиони полетале за да го пресретнат „летечкиот танкер“ ИЛ-78 Мидас, кој летал меѓу Санкт Петербург и Калининград, а кој не успеал да воспостави контакт со контролата на воздушен сообраќај на Естонија.

Откако го следеле Мидас, двата ловци биле пренасочени да пресретнат авион Ан-148 кој, исто така, минувал во близина на естонскиот воздушен простор.

Пресретнувањето на руските авиони било рутинско и во рамки на планираната заедничка патролна контрола во регионот под капата на НАТО.

Инцидентот се случил во период на засилени тензии меѓу НАТО и Русија поради руската инвазија во Украина, но нема докази дека е поврзан со контактот на руски борбен авион и американски дрон над Црното Море.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе