Вести Свет

Русија е подготвена на 60 дена да го продолжи договорот за извоз на украинско жито

Русија е подготвена да прифати продолжување на договорот за извоз на украинско жито, но само за 60 дена, додека чека промена во начинот на кој функционира договорот. Ова го соопштила руската делегација на разговорите со високи претставници на Обединетите Нации (ОН).

Москва е незадоволна што со паралелниот договор со кој ѝ се дозволува на земјата да извезува руска храна и ѓубрива кои се користат низ светот, доведе до тоа да се извезе само руското ѓубриво, но не и руското жито. Како дел од аранжманот, Москва бара рускиот амонијак да се транспортира преку Украина за да стигне до пристаништата на Црното Море за натамошен извоз.

Руските власти, исто така, велат дека банкарските ограничувања и високите трошоци за осигурување, ги загрозиле нивните намери за извоз на вештачко ѓубриво.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе