Акционерите на Банката на Силиконската долина поднесоа заедничка тужба против компанијата и двајцата највисоки функционери во неа – генералниот и финансискиот директор. Тие ги обвинуваат дека прикриле од акционерите оти растот на каматите може да влијае врз повлекување на депозити од Банката на Силиконската долина. Акционерите кои останаа без капитал во банката ќе бидат исплатени од Федералната корпорација за осигурување на депозити.
Американскиот претседател Џо Бајден ги увери граѓаните дека банкараскиот систем е безбеден, а на клиентите на пропаднатите банки им порача дека ќе имаат пристап до нивните пари и оти даночните обврзници нема да сносат загуби. Тој најави и дека менаџментот на банките ќе биде отпуштен, дека инвеститорите нема да бидат заштитени, дека одговорните лица ќе мора да одговараат, додавајќи дека никој во неговата администрација не е над законот.
Акциите на банката во четвртокот паднаа за 60 отсто, откако банката ден претходно наведе дека продала имот вреден 21 милијарда долари. Притоа од Банката најавија дека планираат да продаде и дел од акциите за собирање на средства за покривање на загубите што беа предизвикани од растот на каматите. Последица на тоа беше повлекување на рекордни 42 милијарди долари за само 24 часа.
Во моментот на банкрот, Банката на Силиконската долина имаше имот во вредност од 209 милијарди долари и над 175 милијарди долари во депозити. Таа даваше банкарски услуги главно на стартап бизниси и капиталисти од Силиконската долина, односно технолошката елита која е поборник на либертаријализмот чиј централен став е дека владата е
Два дена по неа, регулаторите во сојузната држава Њујорк ја затворија и Сигнејчр банката која стана наредна жртва во превирањата во американскиот банкарски сектор. На крајот на минатата година, таа имаше над 110 милијарди долари актива и над 88 милијарди долари во депозити. Сигнејчр банката е трета по големина која банкротира во САД по Банката на Силиконската долина и Вашингтон мјучуал во 2008 година.
Во меѓувреме, банкарската ситуација во Европа е многу поразлична од таа во САД велат експертите. Според првиот човек на Еврогрупата колапсот на две банки во САД ја нагласува важноста од продлабочување на банкарската унија во еврозоната.
Еврогрупата не ги поврзува случувањата во банката во Силиконската долина и развојот на дигитално евро кое може да игра важна улога во продлабочувањето на отпорноста на финансиски сектор на Европската унија.
Сашко Димовски
https://youtu.be/tUjHbHsxGNA