Вести Свет

Ситуацијата околу Бахмут е комплицирана, но Украина успева да ги одбие руските напади, вели висок украински командант

Ситуацијата околу Бахмут останува сложена, но украинските сили ги спречуваат руските обиди да го заземат градот, изјави денеска командантот на украинските копнени сили, генерал-полковник Олександр Сирски.

Ситуацијата околу Бахмут останува сложена. Сите обиди да се заземе градот се одбиени со артилериски оган, тенкови и друга огнена моќ, напиша Сирски на апликацијата Телеграм на украинскиот медиумски воен центар.

Борците на приватната руска воена компанија „Вагнер“ „напаѓаат од различни страни, се обидуваат да ја пробијат нашата одбрана и да напредуваат кон централните области на градот“, додаде Сирски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Дејан Дејан

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе