Филмот „Сѐ насекаде и сѐ одеднаш“ (Everything Everywhere All at Once) на режисерите Даниел Кван и Даниел Шајнарт за семејство кинески емигранти кои патуваат низ мултиверзуми и ја откриваат смислата на животот, доминираше во речиси сите главни категории, додека Брендон Фрејзер доби Оскар за најдобар актер за улогата во филмот „Кит“. Интересно е што и двата филма се дел од продуцентската куќа „А24“, која е специјализирана за мали независни филмови.
„Сè насекаде и сѐ одеднаш“ освои Оскар за режија, главна актерка Мишел Јао, која стана првата актерка од Азија која освоила оскар за главна улога. Оскарот за споредна машка улога го доби Ке Хуј Кван, кој по 45 години од улогата на „Шорт Раунд“ во „Индијана Џонс и Храмот на проклетството“ на голема врата се врати во Холивуд, и споредна женска улога за Џејми Ли Кертис. „Сè насекаде и сѐ одеднаш“ доминацијата ја заокружи со статуетки и за оригинално сценарио, монтажа и најдобар филм, освојувајќи дури 7 д 11-те номинации. Мишел Јао стана првата актерка од Азија што освоила Оскар за главна женска улога.
Уште повпечатлив камбек од Кван е триумфот на Брендан Фрејзер во категоријата најдобра машка улога. Еден од најпознатите актери во 90-те кој доминираше во комедиите како „Човекот од Енсино“, „Џорџ од џунглата“ и „Магепсан“, за на почетокот на новиот милениум да се трансформира во акциона ѕвезда со улогата на Рик ОКонел во трилогијата „Мумија“, за потоа необјасниво да исчезне од Холивуд, Фрејзер направи уште една трансформација, овој пат во далеку подлабоки драмски води во „Кит“ на Дарен Аронофски, која му беше првата главна улога уште од 2013 година.
Од друга страна филмовите „Елвис“, „Тажачките на Инеширин“ и „Тар“ беа најголемите губитници на ноќта.
Џејми Ли Кертис освои Оскар за споредна женска улога и Ки Хај Квуан за споредна машка улога.
Оскарот за најдобар странски фил го освои германската адаптација на „На запад ништо ново“, ремек-делото на романсиерот Ерих Марија Ремарк, за ужасите од Првата светска војна.