Вести Свет

Џинпинг планира посета на Русија и средба со Путин

Кинескиот претседател Си Џинпинг планира да отпатува за Русија и да се сретне со својот колега Владимир Путин следната недела, тврдат анонимни извори запознаени со ова прашање, а тоа ќе биде порано од очекуваното, јави денеска Ројтерс.

Плановите за посетата доаѓаат во момент кога Кина нуди мировно посредување во Украина, предлог што западните земји го пречекаа со скептицизам со оглед на дипломатската поддршка на Кина за Русија.

Руската новинска агенција Тасс на 30 јануари објави дека Путин го поканил Кси да ја посети Москва напролет.

„Волстрит журнал“ минатиот месец објави дека посетата на Москва би можела да биде во април или почетокот на мај.

Кинеското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето со коментар за можноста Си да ја посети Москва, а Кремљ одби да коментира.

Минатиот месец рускиот претседател Владимир Путин беше домаќин на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Москва и навести дека Си ќе ја посети Русија.

Изворите кои известија за посетата одбија да бидат именувани поради чувствителноста на прашањето.

Кина и Русија склучија партнерство „без ограничувања“ во февруари 2022 година, неколку недели пред Русија да ја нападне Украина, а двете страни продолжуваат да ја потврдуваат силата на нивните врски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СЗО: Најмалку 112 палестински деца дневно завршуваат во болниците во Газа поради неухранетост

Дејан Дејан

Српскиот претседател предвидува инциденти на денешните протести во Белград

Дејан Дејан

Протести во Тајланд, демонстрантите бараат оставка од премиерот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе