Кристијан Гарин го направи најголемото изненадување на почетокот од третата рунда на првиот турнир од Мастерс серијата што се одржува во Индијан Велс.
Чилеанецот кој во моментов е 97-ми играч на светот, а место на главниот турнир обезбеди преку квалификациите во меч што траеше точно два часа со 6:4 и 7:6 го елиминираше третиот фаворит Каспер Руд од Норвешка.
Петтиот носител Данил Медведев со 2:1 по сетови 6:2, 2:6 и 6:1 беше поуспешен од Иља Ивашка од Белорусија додека шесторангираниот Андреј Рубљов триумфираше во соочувањето со Иго Имбер.
Пласман во осминафиналето обезбеди и Камерон Нори кој е поставен за десетти носител по елиминацијата на Таро Даниел, а место во следната фаза обезбеди и Александер Зверев по победата над Емил Русовуори.
Настапот во Индијан Велс го продолжуваат уште Алехандро Давидович Фокина и Франсис Тијагфо откако ги совладаа Карен Хачанов и Џејсон Кублер.
ФОТО: Игор Паневски