Вести Свет

Белоруските граничари се жалат дека Украинците ги заплашуваат со кукли на обесени руски војници

Белоруски граничари во изјава за националната телевизија велат дека  украинските граничари, на границата со Белорусија, закачиле „кукла во униформа на руската војска и ја нарекле Валера“ .

Сергеј Павлов, официјален претставник на граничниот одред Мозир, рече дека Украинците наводно рекле дека куклата е „војник убиен во близина на Киев“.

Белоруските граничари тврдат и дека украинските колеги ја оштетуваат „инфраструктурата и покажуваат агресивни гестови, вклучително и оружје, поставуваат навредливи натписи на сообраќајните знаци, лепат летоци со апели и пуштаат политички аудио снимки и повикуваат оперативци со закани“.

Државната гранична служба на Украина одговорила дека „не заплашуваат, туку навестуваат“, пренесува „Украинска правда“.

За време на целосната инвазија на Украина, Русија ја користеше територијата на Белорусија, што доведе до тензија меѓу Белорусија и Украина, пренесува Кликс.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Самоубиствен напад во пакистан, најмалку 16 загинати војници

Дејан Дејан

СЗО: Најмалку 112 палестински деца дневно завршуваат во болниците во Газа поради неухранетост

Дејан Дејан

Српскиот претседател предвидува инциденти на денешните протести во Белград

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе