Вести Свет

Маск планира да си изгради сопствен град во Тексас

Милијардерот Илон Маск планира да изгради сопствен град крај Остин, во американската сојузна држава Тексас, објави „Вол Стрит Журнал“.

Во веста на угледниот весник се додава дека замислениот град во округот Бастроп ќе биде подигнат на земјиште покрај објектите „Боринг“ и „Спејс-Х“ кои се веќе во изградба.

Извори истакнаа оти Маск сака вработените во неговите компании „Боринг“, „Тесла“ и „Спејс-Х“ да можат да живеат во нови домови, со кирија која е помала од пазарната.

„Според законот на Тексас, на градот му е потребен најмалку 201 жител пред поднесување на барање за инкорпорација, а потоа и одобрување од окружен судија“, се наведува во извештајот.

Од округот Бастроп наведоа дека сè уште не примиле барање од Маск.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Дејан Дејан

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе