Алекс де Минаур од Австралија е победник на АТП турнирот во Акапулко и за него ова е прв трофеј откако минатото лето славеше во Атланта.
Тенисерот од Австралија кој беше поставен за осми носител во меќ што траеше 2 часа и 28 минути со 2:1 по сетови 3:6, 6:4 и 6:1 триумфираше над седмиот фаворит Томи Пол од САД.
Со денешната победа Де Минаур ќе напредува на АТП листата и ќе се искачи на 18-тото место што е многу блиску до најдобриот пласман во кариерата кога беше 15-ти тенисер на светот.
ФОТО: Игор Паневски