Вести Свет

Климатските промени забрзано ја загреваат Земјата

Поплави, земјотреси, снежни невремиња, урагани, на места каде што никогаш претходно не биле видени. Ова се само дел од последиците и ефектите предизвикани од глобалното затоплување на земјата пред се најмногу како резултат на испуштањето стакленички гасови во атмосферата. Научниците предупредуваат, земјата се загрева пребрзо.

Изминатите 150 години температурата глобално се зголемила за 1 степен, но на одредени места мерењата покажале дека отстапките се и до 3 степени целзиусови. Енормниот пораст на температурата се бележи особено од крајот на 19 век кога се рашири употребата на фосилните горива. Тоа пак предизвика забрзано топење на големите глечери на северниот и јужниот пол што пак влијае врз покачувањето на нивото на водата во морињата и океаните. Глечерот Твејтс на Антарктикот го доби и името „Судниот ден“. Неговата големина се споредува со површината на Флорида и има потенцијал да влијае на целиот свет.

Зошто сме заинтересирани за Thwaites, а особено за источниот леден гребен, е тоа што ледениот гребен се менува многу брзо. Се распаѓа, се повлекува, а тоа му дозволува на заземјениот мраз побрзо да влезе во океанот, предизвикувајќи нивоа на морето да се издигнат, вели Д-р Питер Дејвис, океанограф, член на Британско Антарктичко истражување.

Дополнително сиуацијата се влошува и поради енормната сеча на дрвната маса за која се смета дека се „белите дробови“ на нашата планета. Истражувачите тврдат дека со зголемување на зелената покривка ќе се намали бројот на смртни случаи поради летните горештини за дури една третина.

Според истражувањето, просечната покриеност на градските средини со дрвја во Европа моментално е под 15% и во просек има разлика во температурата од 1,5 степени Целзиусови меѓу урбаните и руралните области во периодот од јуни до август. Ова се должи на феноменот познат како „урбани топлински острови“, кога температурната разлика е предизвикана од човечка модификација на пејзажот бидејќи асфалтот и бетонот ги апсорбираат сончевите зраци.

Знаеме дека многу градови во моментот се позеленуваат. Целта од 30% што ја користиме веќе е усвоена од многу градови. Мислам дека она што е единствено за оваа студија е тоа што вклучува многу различни градови. И тоа е, исто така, спој на климатската криза, урбаното шумарство, зелените површини, здравството и урбаното планирање. Значи, тој спојува многу различни работи, вели Марк Ниувенхујсен, директор на Институтот за глобално здравје во Барселона.

Но, во некои градови веќе нема место да се постигне оваа цел. Таков е случајот со Барселона која некогаш уживаше во пријатно време, со благи зими и лета.

Во компактен град како Барселона, во моментов ќе биде тешко да се најде простор за садење дрвја. Затоа треба да направите нешто подраматично, вели Ниувенхујсен.

Но, како што климатската криза се влошува, негативните ефекти од рекордно високите температури ги погодуваат нејзините жители. Градот прогласи климатска вонредна состојба во јануари 2020 година па сега заложбите се да стане јаглеродно неутрална до 2050 година.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Дејан Дејан

Трамп не размислува за продолжување на 90-дневната пауза за воведување царини

Дејан Дејан

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе