Спорт Тенис

Пол и Де Минаур во финалето на турнирот во Акапулко

Томи Пол и Алекс де Минаур се пласираа во финалето на АТП турнирот во Акапулко и ќе се борат за првиот трофеј во новата сезона.

Американецот Пол во полуфиналето во меч што траеше 3 часа и 25 минути по голема борба во три сета со 6:3, 6:7 и 7:6 го елиминираше сонародникот Тејлор Фриц и ќе се обиде да стигне до вториот АТП триумф во кариерата откако пред две години славеше во Стокхолм.

Де Минаур место во финалето обезбеди откако забележа победа над четвртиот фаворит Холгер Руне од Данска. Австралиецот славеше исто така во три сета со 6:3,5:7 и 6:2.

За тенисерот од Австралија ова е можност да го освои седмиот трофеј во кариерата, а прв по пауза од скоро една година кога беше најдобар во Атланта.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе