Вести Свет

Германски „Рајнметал“ сака да отвори фабрика за тенкови на територијата на Украина

Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ преговара со Киев за отворање фабрика за тенкови на територијата на Украина, а шефот на оваа компанија Армин Пејпергер изјави дека разговорите со Украина се „ветувачки“ и дека се надева дека одлуката ќе биде донесена „во следните два месеци“.

Фабрика на Рајнметал може да се изгради во Украина за околу 200 милиони евра, рече Пејпергер, додавајќи дека таквата фабрика „може да произведува до 400 борбени тенкови од типот „Пантер“ годишно“, пишува „Шпигел“.

Шефот на „Рајнметал“ е уверен дека фабриката на тлото на Украина може да се заштити од руските воздушни напади.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Данска во наредните шест месеци ќе претседава со Европската Унија

Дејан Дејан

Еврокомесарката Марта Кос во Македонија – денеска и утре лидерска средба ЕУ – Западен Балкан

Дејан Дејан

Трамп: Иранците не преместија ништо, не знаеја дека доаѓаме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе