Вести Свет Топ вести

Дел од телата во железничката несреќа во Лариса се идентификуваат со ДНК анализа – температурата од 1300 степени ги јагленосала

Во Грција избија протести поради железничката несреќа во која загинаа 43 луѓе, а многумина тврдат дека тоа е несреќа што се чекаше да се случи.

Демонстрантите се судрија со полицијата пред седиштето на Хеленик Трејн во Атина – компанијата одговорна за одржување на грчката железница. превртуваа и палеа контејнери по улиците на главниот грчки град и се движеа кон централниот плоштад Синтагма. Полицијата употреби солзавец и активираше единици за одржување на јавен ред и мир. Протести се одржаа и во Солун и градот Лариса, во близина на местото каде што се случи катастрофата во вторникот вечерта.

Во меѓувреме, во јавноста протече аудио записот од дијалогот меѓу свртничарот во станицата и машиновозачот, непосредно пред судирот на двата воза во Темпи. Машиновозачот го прашува дали да сврти, но свртничарот му одговара да остане во дијагоналата, по што се случила кобната несреќа.

Свртничарот е повикан на распит, каде кажал дека го свртел клучот да го пренасочи возот, но увидел дека има проблеми по што повикал помош, но било доцна. Признава дека згрешил.

59-годишен стационар од Лариса е обвинет за убиство од небрежност, и можно е да добие затворска казна од 10 години до доживотно.

Бројката за загинати од несреќата се зголеми на 43, но се стравува дека ќе расте, затоа што се уште не се пронајдени исчезнатите. И утринава се трага со помош на тешки алати, кучиња трагачи и кранови.

Единствен кој ја преживеал несреќата од првиот најуништен вагон е 20-годишник, кој од ударот излетал преку прозорецот, летал 25 метри во полето. Бил пронајден жив, но повреден и во бесознание.

Во целата земја е прогласена тридневна жалост. Многумина од 350-те патници во авионот беа студенти на 20-годишна возраст кои се враќаа во Солун по долгиот викенд славејќи го грчкиот православен пост.

До пладне се очекува да заврши идентификацијата на телата, но дел од нив се јагленосани од високата температура од 1300 степени која ги изгорела вагоните. За нив во тек е ДНК анализа.

Членовите на железничкиот синдикат веруваат дека безбедносните системи не функционирале правилно, со постојано предупредување за ова во текот на многу години.

„Непочитувањето што владите го покажаа во текот на годините кон грчките железници доведе до трагичен резултат“, велат тие и за денеска најави генерален штрајк.

Министерот за транспорт Костас Караманлис поднесе оставка поради катастрофата, велејќи дека ќе ја преземе одговорноста за „долгогодишните неуспеси“ на властите да го поправат железничкиот систем за кој рече дека не е соодветен за 21-от век.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе