Вести Свет Топ вести

Морална одлука – грчкиот министер за транспорт и инфраструктруа поднесе оставка по денешната железничка несреќа

Министерот за инфраструктура и транспорт на Грција, Костас Караманлис поднесе оставка по денешната железничка несреќа во централниот дел на земјата во која загинаа 42 лица, а 130 беа повредени.

Во образложението на таквата одлука, Караманлис наведе дека негова должност е да се повлече, како основен показател за почитување кон споменот на луѓето кои неправедно загинаа, пишува „Асошиејтед прес“.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, по обиколка на местото на несреќата, го опиша судирот како „неописива трагедија“ и изрази сочувство кон роднините на жртвите.

„Наша должност сега е да ги лекуваме раните и да бидеме со нив. Единствено што можам да гарантирам е откривање на причините на оваа трагедија и ќе сториме се што е во наша моќ да не се повтори вакво нешто“, напиша Мицотакис на Твитер.

Човечка грешка можна причина за несреќата во Грција- доколку функционирала сигнализацијата, трагедијата можело да се избегне

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 2.7.2025

Дејан Дејан

Кај некои воодушевување, кај некои мала паника – т.н. „рол облак“ на плажите во Португалија

Дејан Дејан

Републиканците пред усвојување на законот за даноци, демократите со сите сили се обидуваат да го спречат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе