Вести Свет

Вучиќ: Курти не е подготвен за ЗСО, на 18 март треба да се видиме во Македонија

„Имавме тежок состанок, ќе имаме уште. На 18 март би требало да се видиме на територија на Северна Македонија, тогаш и господинот Борел ќе биде во посета на регионот. Дотогаш би требало да разговараме со Лајчак да разговараме за работите за имплементација“, порача Вучиќ по низата состаноци со официјални претставници на Европската Унија (ЕУ) и косовскиот премиер Албин Курти.

„Во документот на ЕУ е истакната неопходноста од почитување на претходните договори. Господин Курти не беше подготвен да прифати Заедница на српски општини, не знам дали ќе биде во иднина. Од сите големи разговори, ништо посебно, но важно е дека разговаравме. Господин Курти дојде со намера да се потпишува нешто. Договорено е да продолжиме да разговараме. Како и да завртите, Заедницата на српски општини е на прво место. Видов дека се води кампања против Заедница на српски општини, утре детално ќе разговарам за тоа“, изјави српскиот претседател, Вучиќ.

Србија и Косово во април во 2013 година го потпишаа Бриселскиот договор. Европскиот предлог кој чека потврда на лидерите се смета најважен документ досега кој би требало да води кон сеопфатен договор за целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите меѓу Москва и Баку – Русија го повика Мустафаев

Дејан Дејан

Екс заменик-министер за одбрана на Русија осуден за корупција

Дејан Дејан

Со над 200 амандмани почнува расправата за ребалансот на Буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе