Вести Свет Топ вести

(видео) Путин има писмен доказ дека Западот сака да ја подели Руската Федерација

Владимир Путин го обвини западот дека сака да ја распарчи Русија и да ја претвори во низа слаби минидржави. Во интервјуто за ТВ-каналот „Росија“, Путин тврдеше дека САД и нивните сојузници од НАТО сакаат да ѝ нанесат стратешки пораз на Русија, со цел рускиот народ да страда.

„Ваков заговор постои уште од распадот на Советскиот Сојуз. Тие се обидуваат да го преобликуваат светот исклучиво по нивни услови. Немавме избор освен да реагираме“, кажа Путин, додавајќи дека западот е соучесник во злосторствата на Украина.

Според Путин, ако му се дозволи на Вашингтон да работи по свое, Русија ќе биде поделена на Москва, Урал и други различни региони, тврдејќи дека има писмен доказ за тоа.

Одлуката на Русија да го суспендира своето учество во договорот „Нов Старт“ со кој се предвидува контрола на нуклеарното вооружување на земјите, не е само поради нуклеарните капацитети на САД. Според Путин не смее да се игнорира ниту нуклеарниот капацитет на земјите членки на НАТО Алијансата особено, како што вели, во ситуација кога водечките земји на пактот како главна цел си зацртаа да нанесат стратешки пораз на Русија, а со тоа да го натераат рускиот народ да страда. Тие испраќаат десетици милијарди долари во оружје за Украина што значи и нивно директно учество до одреден степен вели Путин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе