Вести Свет

Расте бројот на удавени мигранти на италијанскиот брег – најмногу од починатите се деца

Италијанската крајбрежна стража се уште патролира на брегот во јужниот дел на италинаскиот град Кротоне, откако викендов дрвен чамец со 200 мигранти се удри во карпестиот гребен, при што загинаа најмалку 60 луѓе, меѓу нив деца и едно новороденче.

Но, се стравува дека бројот на загинати ќе се зголеми, и може да достигне до сто, бидејќи голем дел од мигрантите се исчезнати во немирните морски води. Пронајдени се 80 живи, и според италијанската полиција, сите се возрасни. Најмладите преживеани се еден 16 и 12 годишник, кои биле спасени од двајца мажи. Спасувачите сведочеле на оваа глетка и раскажуваат дека младите биле спасени од двајца мажи кои им ги држеле главите над водата во обид да ги извлечат. Децата се спасени, но не и мажите кои се удавиле.

Бродото кој превезула мигранти патувал од Турција до Италија. Пред самиот крај удрил во карпи по што направил голема дупка во која навлегла вода и почнал да тоне. Во тек е истрага за четворица наводни криумчари. Еден е приведен откако преживеаните мигранти го пријавиле дека е трговец со луѓе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите меѓу Москва и Баку – Русија го повика Мустафаев

Дејан Дејан

Екс заменик-министер за одбрана на Русија осуден за корупција

Дејан Дејан

Со над 200 амандмани почнува расправата за ребалансот на Буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе