Данил Медведев е победник на АТП турнирот во Доха додека Барбора Крејчикова триумфираше во Дубаи.
Рускиот тенисер кој во моментов се наоѓа на осмото мест на светската ранг листа до 17-от трофеј во кариерата стигна откако во финалето за 107 минути во два сета со 6:4 и 6:4 го совлада поранешниот прв рекет на планетава, а сега 70-то рангиран на АТП листата, Енди Мареј.
За Медведев ова е прва победа на Блискиот исток во дебито на турнирот во Доха додека Британецот во петтото финале не успеа да стигне до третиот триумф.
На женскиот турнир во Дубаи, 30-тата тенисерка на светот, Крејчикова славеше во соочувањето со водечката на ВТА листата, Ига Својнтек.
Тенисерката од Чешка до првиот триумф во 2023 година, а вкупно шести во кариерата по победата со 6:4 и 6:2 во меч што траеше 90 минути.
Крејчикова е само петтата тенисерка која на еден турнир до победата стигнала совладувајќи ги трите први носителки и им се приклучи на Штефи Граф, Серена и Венус Вилијамс и Ирина Сабаленка.
ФОТО: Игор Паневски