Вести Свет Топ вести

Пет сценарија за крај на војната – кој ќе има превласт на фронтот, ќе диктира услови во преговорите, во опција и нуклеарен конфликт

Мировни преговори меѓу Украина и Русија се далеку како што беа и првиот ден од непријателствата, иако денеска се одбележува една година од војната меѓу двете земји. Нејзиниот крај не се наѕира ниту по 12 месеци од почетокот, додека во човековата природа е да се надева на што поскоро завршување на конфликтот кој однесе десетици илјади човечки животи на двете страни и кој се заканува да прерасне во Трета Светска војна.

Британски „Дејли мејл“, по повод годишнината, објави пет можни сценарија кои можат да доведат до крај на војната.

Целосна победа на Украина 

Ослободување на цела Украина, вклучително на Донбас и на Крим. Украинскиот претседател Володомир Зеленски и главниот командант на вооружените сили на Украин,а Валериј Залужни веруваат оти Украина ќе биде способна за такво нешто, штом добие тешко вооружување од Западот. Рускиот претседател Владимир Путин во случај на таков пораз ќе мора да биде соборен од власт, убиен или да заврши во судот во Хаг. Шансите за вакво сценарио се мали, но постојат.

Целосна победа на Русија

Наместо заземање на Киев и соборување на украинската влада, од што барем засега мораа да се откажат, Русите ќе мора да го заземат целиот југ на Украина – од Одеса до југоисток, т.е. до Краматорск и Славјанск. Русите на тој начин би ги ставиле под своја контрола сите украински пристаништа и најголем дел од нејзината индустрија, додека Украина би останала осакатена, девастирана од војната и осиромашена, без излез на море што е витално за неа за извоз. Тогаш е можно соборување на властите во Киев, ликвидација или затворање на Зеленски. Исто така, мали се шансите да се случи такво нешто.

Мировен договор

Би бил по диктат на страната која подобро би стоела на фронтот. Некаков облик на прифаќање на окупација на Крим и четирите анектирани области – Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон) би била прифатлива верзија за Русија, како и украинска неутралност, па можеби и демилитаризација со исцртување на нови граници. Тоа би било успех за Путин, а понижување за Зеленски и за Западот. Шансите за вакво сценарио се нешто поголеми и зависат од ситуацијата на фронтот.

Мир по диктат на Киев

Во случај Украина да оствари напредок на фронтот и дојде до позиција да диктира услови за мир, веројатно нема да добие назад територии кои во тој момент ќе бидат под руска контрола, но би можела да добие членство во НАТО или некаков мдруг облик на безбедносни гаранции од Западот. Москва ќе мора да се помири со независна Украина, Зеленски таквиот компромис веројатно би го платил со глава, а не е исклучена ниту нова војна. Шансите за вакво нешто, исто така, се нешто поголеми, но ќе зависат од ситуацијата на фронтот.

Нуклеарна војна

Петтата и последна опција е истовремено и најопасна. Ако Русија го искористи оружјето за масовно уништување, тоа сигурно би предизвикало директна реакција на НАТО. Оваа опција ја повлекува евентуален пораз на Русија на фронтот и би довела до директна конфронтација меѓу Русија и НАТО. Иако станува збор за малку веројатна опција, таа, сепак, постои и сè додека е така, не смее да биде отфрлена како една од можностите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе