Вести Свет Топ вести

(видео) Каналите на Венеција пресушени, гондолите насукани во калта – Италија погодена од нова суша

Италија и годинава ќе се соочи со нова есктремна суша. Зимските недели без врнежи најавуваат еколошка катастрофа, а за тоа дополнително придонесува и фактот што на Алпите оваа година има 50% снег помалку од вообичаеното.

Славната Венеција и нејзините пресушени канали е доказ за исклучително малкуте врнежи. Дел од каналите во градот се суви, а во други водата едвај се гледа, додека гондолите се насукани во калта.

Но, во Венеција неколку фактори предизвикуваат празнење на каналите – недостаток на дожд, полна месечина и морски струи. Сепак, низ цела Италија се намалени водостоите на реките.

Минатото лето, во јули, Италија ја погоди најтешката суша во последните 70 години, а беше прогласена и катастрофална состојба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Пожарот над Кочани сè уште активен, на терен над 30 пожарникари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе