Вести Свет Топ вести

(видео) Силен земјотрес во Таџикистан – луѓето панично бегаат, зградите се нишаат

Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Таџикистан. Земјотресот се случил во 8 часот и 37 минути по локално време, на длабочина од 10 километри. Потресот е регистриран на оддалеченост од околу 80 километри од границата со Кина, а силно е почувствуван и во пограничните кинески области, каде е препорачано да се запрат патничките возови. Неофицијално, во Кина е урнат и еден рудник од силниот потрес. Освен во Кина, овој силен земјотрес беше почувствуван и во Пакистан, Узбекистан и Авганистан.

По тој прв најсилен земјотрес, следеа потреси на земјата со јачина од 6,8, 5 и 4,9 степени според Рихтеровата скала. Сè уште нема официјални информации за жртви или материјална штета. На социјалните мрежи веќе почнаа да се шират видеа и слики од земјотресот на кои се гледа како се нишаат зградите кои се оштетуваат, а луѓето панично бегаат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Размислуваме да воведеме данок за немажени и неженети

Дејан Дејан

(ФОТО) Без доволно храна и вода, морето е единствено разладување за луѓето од Појасот Газа

Дејан Дејан

Коцевски: Обвинение за полициските службеници во случајот „Пулс“ до септември

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе