Руски бомбардер од типот Сухои Су-25 се урна во областа на Белгород, објави регионалниот гувернер, Вјачеслав Гладков на Телеграм.
„Авион на министерството за одбрана се урна во близина на градот Валујка. На местото на несреќата излегоа екипи на итната помош и тим на истражители“, напиша Гладков на социјалната мрежа.
„Авионот Су-25 на руското воено воздухопловство се урна во регионот на Белгород, при враќање од бојното поле, откако ја изврши својата мисија. Пилотот загина“, соопшти министерството за одбрана на Русија.
Авионот се урнал во ненаселено место и причина за падот, според првичните информации, е технички дефект.