Вести Свет Топ вести

Почина командант на Азов – го бранеше Мариупол, преживеа експлозија, шест месеци мина во заробеништво, на крај го издаде срцето

Почина командантот на 1-от баталјон на полкот Азов, Олег Мудрак кој се бореше во челичарницата Азовстал и го бранеше Мариупол пред налетите на руските сили, објавија украинските медиуми.

Тој мина половина година во заробеништво, пред да биде разменет, а смртта настапила како последица на срцеви проблеми, се додава во вестите за Мудрак од Украина.

Кон крајот на август се споделуваше фотографија од Мудрак на интернет на која беше многу слаб во заробеништво, а кон крајот на септември, тој беше разменет со други украински војници.

Антон Герашченко, советник на укринскиот министер за внатрешни работи, на Твитер ја потврди веста за смртта на Мудрак и му оддаде почест.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Експлозија на бензинска пумпа во Рим, повредени полицајци и пожарникари

Дејан Дејан

Лагард: Посилен единствен пазар на ЕУ за борба против царините

Дејан Дејан

МЗ: Активирана фаза 3 од Акцискиот план за топлотни бранови од 4 до 8 јули

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе