Вести Свет Топ вести

На само два дена од одбелжувањето годишнината од руската агресија, видикот го попречуваат купиштата рѓосано железо, остатоци од руските тенкови

Беспилотните летала бомби не стигнаа до Киев, но во градот кој наизглед живее нормално, со редовно 24-часовно греење и солиден градски превоз среде војна, на сите страни може да се најдат знаци дека Украина е под агресија. Противтенковски бариери стојат на тротоари и тревници, подготвени да се употребат брзо, иако Киев веќе не е под директна пешадиска закана на руската армија со месеци.

На плоштадот пред украинското МНР, изложба на руски борбени возила, уништени во една година војна или како што украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников рече година на украинскиот отпор.

 

 

Нормално, за украинската страна победата значи целосна деокупација на целата привремено окупирана територија, како што беше на почетокот од 2014 година. Тоа значи враќање на нашиот суверенитет и неповредливоста на нашите граници, кои беа признати од целиот цивилизиран свет, порача резников.

Резников, кој во воена министерска униформа, ја пречека со цвеќе министерката Славјанка Петровска рече дека Македонија е балкански лидер по помош и поддршка дадена на Украина. Министерката Петровска, пак, рече дека и поддршката и помошта ќе продолжат.

Резников упати и порака до македонските граѓани, порака со благодарност и со надеж дека сојузништвото ќе продолжи во НАТО и во Европската Унија каде ја гледа својата татковина која е под руска агресија.

 

 

 

Навистина ја цениме вашата поддршка и многу е важно што вашата земја, вашиот народ, вашата нација и вашето искуство многу добро разбирате што се случува овде во Украина, и затоа сте ни толку блиски, и ние навистина го цениме тоа, рече резников.

Приближувањето на годишнината од рускиот напад, само ги зголемува напнатоста и безбедносните мерки во случај Русија да го одбележи 24 февруари со нови големи напади. Една од мерките е што е наредено максимално користење на сите нуклеарни реактори за цела Украина да има постојано напојување со струја, откако енергетската инфраструктура беше главна цивилна мета на руските воздушни напади повеќе месеци. Втора мерка е што учениците, наместо на школо, наредните денови до годишнината на инвазијата ќе учат онлајн за да се избегне школско одење во заасолништата во случај на големи напади.

Од Киев, Украина за Телма

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе