Вести Свет Топ вести

Нов случај со шверц на мигранти во Бугарија – од границата со Турција, до границата со Србија за шест-седум илјади евра

Бугарската полиција во нова акција во неделата откри минибус со кој биле превезувани 43 мигранти во близина на градот Ихтиман, 55 километри југоисточно од главниот град Софија, пренесуваат бугарските медиуми.

Окружниот обвинител на Софија, Наталија Николова, изјави дека 10 од мигрантите се деца и соопшти дека сите се наоѓаат во добра здравствена состојба. Минатата недела, полицијата пронајде 18 мртви тела на мигранти во напуштен камион во село во близина на главниот град Софија, а според наодите од истрагата сите починале од задушување.

Државните органи за овој случај информираа дека се уапсени повеќе лица, меѓу кои и организаторот на групата. Открија и дека на мигрантите за илегален транспорт низ земјата од бугарско-турската граница до бугарско-српската граница им биле наплаќани од 6-7 илјади евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе