Вести Свет Топ вести

Бајден: Украина никогаш нема да биде победа за Русија

Во страстен говор пред Кралскиот замок во Варшава, американскиот претседател Џо Бајден ја повтори својата посветеност на Украина и на НАТО, велејќи им на илјадниците луѓе кои се собраа да го гледаат дека во прашање е слободата.

Следат тешки и горливи денови, предупреди Бајден, но светот е обдинет во оваа војна против рускиот автократ, кој иако на почетокот очекуваше лесна победа, од воениот фронт си оди со изгорени тенкови и очајни војници. Путин го нарече диктатор, а аиктаторите разбираат само еден збор и тоа е НЕ.

  • Диктатор кој гради Империја, никогаш нема да ја намали љубовта на народот кон слободата, бруталноста никогаш нема да ја урне волјата на слободните, а Украина..Украина никогаш нема да биде победа за Русија, порача Бајден. 

Бајден потсети на почетокот на војната, кога светот се подготвуваше за пад на Киев, но сега рече Бајден, Киев се уште се држи силно и што е најважно слободно. Путин, можеби мислеше дека ќе го подели НАТО, но и за тоа погреши, зашто Алијансата е пообединета од кога било.

  • Кога претседателот Путин нареди неговите тенкови да се тркалаат во Украина, тој мислеше дека ќе се превртиме. Тој не беше во право. Украинскиот народ е премногу храбар. Америка, Европа, коалиција на народи од Атлантикот до Пацификот, бевме премногу обединети. Демократијата беше премногу силна, рече американскиот претседтел. 

Американскиот претседател говорот го одржа по само неколку часа од годишното обраќање на рускиот колега Путин, кој цели два часа на нацијата и објаснуваше дека за војната во Украина е виновен Западот. Според првиот човек на Кремљ, руската страна покажала трпение и сторила сè за решавање на проблемот по мирен начин, меѓутоа, обвини дека зад грб ѝ се подготвувало друго сценарио.

Обраќањето до нацијата, Путин го искористи и да најави дека Москва го суспендира учеството во пактот за контрола на нуклеарното оружје со Соединетите држави. Таканаречениот договор Нов СТАРТ го ограничува бројот на нуклеарни боеви глави со долг дострел што можат да ги распоредат и беше единствениот договор меѓу двете држави кој гарантираше некаква контрола на нуклеарното оружје. Со губењето на оваа рамка, постои реална закана од нуклеарна војна, проценуваат аналитичарите.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе