Вести Свет

Завршува потрагата по преживеани во Турција

Турција соопшти дека ги завршува спасувачките напори во потрагата по преживеани во подрачјата погодени од разорниот земјотрес што на 6ти февруари ги погоди јужните делови од земјата но и северот од Сирија. Официјалните податоци до сега покажуваат дека до сега вкупно во двете земји загинале над 46 илјади лица но овој број може да биде многу поголем со оглед дека во катастрофата уништени се 345 илјади станови. Во моментов нема информации колку лица се водат за исчезнати.

На југот на Турција се регистрирани 40.642 жртви од земјотресот, изјави шефот на Управата за вонредни ситуации на Турција (АФАД) Јунуз Сезер, додека од соседна Сирија има повеќе од 5.800 загинати.

При последните спасувачки напори од под урнатините беше спасено тричлено семејство. Но по извлекувањето на пат кон болница почина нивното 12 годишен син. Лекарите констатираа дека причина за смртта на детето е дехидратација.

Светската здравствена организација проценува дека хуманитарната помош е неопходна за 26 милиони луѓе во Турција и Сирија.

Во Сирија, каде во земјотресот загинаа повеќе од 5.800 луѓе, властите во северозападниот дел на земјата не дозволуваат влез во областа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум пожари на отворен простор евидентирани во земјата – четири сè уште активни

Дејан Дејан

Јакимовски: Да воведеме и данок на купени дипломи и изгубени премиери?

Дејан Дејан

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе