Карлос Алкараз и Камерон Нори ќе се борат за титулата на АТП турнирот што се одржува во Буенос Аирес.
Светскиот рекет број 2, Шпанецот Алкараз место во финалето обезбеди откако во два сета со 6:2 и 6:2 триумфираше над сонародникот Бернабе Запата.
Во второто полуфинале. Британецот Нори беше поуспешен од Хуан Пабло Вариљас совладувајќи го со 7:5 и 6:4.
За Нори ова е второ финале од почетокот на новата сезона откако пред повеќе од еден месец беше поразен од Ришар Гаске на АТП турнирот во Оукленд.
За Алкараз ова е деветто финале во кариерата додека Нори по 13 пат има можност да се бори за еден трофеј во професионалниот тенис.
ФОТО: Игор Паневски