Шефот за надворешна политика на Европската унија ги повика членките на блокот да ја засилат и забрзаат воената поддршка за Украина.
Жосеп Борел на Минхенската безбедносна конференција рече дека „првата и најитната работа што треба да ја направи геополитичка Европа е да ја вооружи Украина.
Тој истакна дека европските лидери се на ставот дека Украина мора да надвладее, и затоа од зборовите треба да се премине на факти бидејќи Украина е во критична ситуација од гледна точка на достапност до муниција.