Вести Македонија

Боки 13 тврди дека по наредба на Џолев е фалсификувано решението со кое му се одбива барањето за прекин на издржувањето на затворската казна

Бојан Јовановски познат како Боки 13, кој во затворот „Идризово“ издржува деветгодишна казна за случајот „Рекет“ денеска преку писмено соопштение излезе со тврдења дека врз него се врши, како што вели, незапаметена тортура од страна на Основниот кривичен суд Скопје каде имал поднесено барање за прекин на издржување на затворската казна поради влошена здравствена состојба од животнозагрозувачки карактер.

Во дописот до медиумите преку неговите адвокати тој вели дека наместо законита одлука темелена на докази добил судско решение за кое изразува сомнеж дека е фалсификувано и антидатирано по директна наредба на претседателот на Основниот кривичен суд Иван Џолев.

Според Јовановски судското решение со датум од 31 јануари 2023 година не било потпишано од покојниот судија Огнен Ставрев, кој почина на 4 февруари, бидејќи како што тврди повикувајќи се на решението, на него имало потпис со апостроф кој не коинцидирал со потписот на покојниот судија.

„Оттука се наметнува и прашањето заради кои причини судијата кој бил на работа до 03.02.2023 година пред да почине на 04.02.2023 година не го потпишал решението кое го донел и заради кои причини веднаш не го верифицирал истото во акмис-системот согласно закон и судкиот деловник за работа, а важно за напомена е дека покојниот судија се до 03.02.2023 година беше во активна и секојдневна комуникација со мојот бранител мр.Владимир Туфеџиќсето во врска со постапката и истиот примаше дополненија на барањето и нови докази се до 03.02.2023 за кој поседуме докази со приемен печат од судот, ова е надвор од здрава логика!“, се наведува во соопштението.

За неговите тврдења Јовановски вели дека со посебни барања и иницирани постапки биле известени шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ОЈО ГОКК, Ислам Абази од кого побарал да биде изведен пред него во итен рок, потоа амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Судскиот совет, Меѓународниот суд за човекови права и други меѓународни и домашни организации.

Во решението со кое се одбива барањето на Јовановски, скопскиот Основен кривичен суд Скопје во предвид ги зел конзилијарното мислење на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, известувањето на КПУ Идризово и мислењето на ОЈО ГОКК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ:  Одбија помош за Кочани, сега држат трибини – срамна бездушност на ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Инфлацијата во еврозоната падна под целната стапка на ЕЦБ

Дејан Дејан

(Видео)Еруптираше еден од најактивни вулкани во светот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе