Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успеа да обезбеди пласман во финалето на ИТФ турнирот што се одржува во тунискиот град Монастир.
Ивановски место во решавачкиот меч за трофејот обезбеди откако Италијанецот, Фабрицио Андалоро во вториот сет го предаде мечот. Во тој момент Ивановски имаше предност од 6:1 и 2:0.
Противник ќе му биде Рајан Нојбер од Холандија кој во два сета триумфираше над Полјакот, Олаф Пјешковски.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.