Спорт Тенис

Ивановски го предаде финалето во Монастир

Македонскиот тенисер Калин Ивановски не го издржа напорното темпо на мечеви во Монастир, Тунис и денеска го предаде мечот во финалето. Тоа беше втор дуел за него денеска откако утринава играше и полуфинале.

Младиот 18-годишен тенисер ја бараше првата титула во 2023 година откако лани подигна три трофеи. Денеска тој го предаде мечот во финалето против Холанѓанецот Рајан Нијбоер, откако го загуби првиот сет со 2-6, а во вториот имаше негатива од 0-3. Ивановски утринава го играше полуфиналето со Италијанецот Фабрицио Андалоро, што го доби откако противникот се повлече при резултат 6-1 и 2-0. Мора да се истакне дека нашиот тенисер вчера исто така играше два меча, од осминафиналето и четвртфиналето, што ги доби во три сета. Очигледно заморот си го направи своето, па Ивановски мораше да го предаде финалето.

Ова е второ загубено финале за 18-годишникот во Монастир годинава. Ивановски моментално се наоѓа на 504.место во светот на АТП ранг-листата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе